INCM' (Intermediate national contacts meeting)
ДOT Архитекти како студио кое ја негува современата мисла и практика овој пат го насочи своето внимание на студентите Владо Данаилов, Анастасија Спасовска и Гордан Витевски од Архитектонскиот факултет кои учествуваа на годинешниот конгрес “INCM” (Intermediate national contacts meeting) во Виена. Нашето студио одлучи финансиски да и помогне на оваа група на студент за време на нивниот престој во Виeна. Основната цел на конгресот кој се одrжа помеѓу 26 Октомври и 2 Ноември 2012 беше изборот на земја домаќин на најголемата летна школа по архитектура EACA за 2014 година. Ние сме горди што помогнавме на една млада група студенти, љубители на архитектурата.