Мени

Свечено отварање на Ургентен центар - ГОБ „8-ми Септември“, Скопје

На 18.07.2014. отворен е новиот Ургентен центар во рамки на Градската општа болница „8-ми Септември“ кој дотогаш функционираше како Дежурна служба. Реконструкцијата е збогатена со нов оперативен дел, донација од страна на Амбасадата на САД.
Новиот Ургентен центар има три приемни амбуланти, четири болнички соби за дневна болница, ладна соба со девет кревети, гипс сала и шест простории за персоналот. Во Ургентниот центар има две нови операциони сали (ортопедско-трауматолошка и општо- хируршка сала), како и сала за реанимација. Во подрумскиот дел се наменските технички простории: машинска сала и електро-просторија.
Комплетната изведба е дело на ДОТ Архитекти / Медикал. Употребени се најнови материјали и технологии при самата изведба со што е комплетно подигнато нивото и стандардите на архитектурата во здравствените објекти во Македонија.
Новиот Ургентен центар ги задоволува најстрогите критериуми на светско ниво.
Комплексноста на спојот на изборот на материјалите, изведбата, како и современата технологија вметната во инсталациите ги запазува сите норми за енергетска ефикасност, и воедно визуелно импресионира со современ дизајн.

Сортирање