Мени

Уривање на стереотипната слика за болниците

Неодамна, во состав на Градската општа болница „8 Септември“ беше извршена реконструкција, адаптација и доградба на Ургентиниот центар, кој дотогаш функционираше како дежурна служба. За изведба на проектот беше ангажирана компанијата „ДОТ Архитекти“, која во својот состав  има посебен специјализиран оддел „ДОТ Медикал“ за изработка на проекти специјализирани за здравствени објекти, кој воедно комплетно го измени и адаптира проектот за изведба. Објектот развиен на 900 м2 површина, од кои 250 м2 комплетно нова градба, свечено беше пуштен во употреба на 18 јули. Финансискиот дел за изведба на проектот го обезбедуваат ГОБ „8 Септември“ и Амбасадата на САД во Република Македонија, со донација во висина од 480.000 долари.

Линк до статијата

Сортирање