Мени

Алтернативни божиќни декорации

Божиќните декорации се неизбежен дел од предновогодишните активности, но не секогаш имаме време и место во нашиот дом да наместиме новогодишна елка.
Затоа ние ви предлагаме селектирани примери за поинакви празнични декорации.
Скромни во својот изглед, мали со своите димензии, а сепак креативни и инспиративни, тие ќе го разбудат новогодишното расположение во вас.
Секојдневните предмети во домот може да ги реорганизирате во нов контекст, така што би претставувале место во домот каде ќе ги поставите поклоните за семејството и пријателите.
Ослободете ги мислите и уживајте во декемвриското декорирање на вашиот дом.
Среќни новогодишни и божиќни празници!

Сортирање