Редизајн на Фасада
ОБЈЕКТ:
Фасада на станбен објект
ЛОКАЦИЈА:
Скопје
ГОДИНА:
2014
ОПИС:
Идејно решение за редизајн на фасада на станбен објект
Задоволувањето на функционалните барања на инвеститорто претставуваше една од појдовните точки за дизајнирање на оваа фасада. Идеата прозилезе од барање начин за поедноставување на главниот волумен на објектот но и можност за флексибилност при користење на фасадата. Главен дизајн елемент претставува еден репетирачки елемен од дрво кој има двојна функција: заштита од надворешни влијанија и декоративна маска за системите за греење и ладење. Оваа фасада е проектирана за да овозможи поединечно на секој станар поставување на овие елементи според нивните потреби и желби но и лесно одржување на целиот систем . Целокупниот дизајн резултира со еден современ фпечатлив изглед на целиот објект