Мени

Автобуска Станица Велес

ОБЈЕКТ:

Автобуска Станица

ЛОКАЦИЈА:

Велес

ГОДИНА:

2013

ОПИС:
ИЗРАБОТКА НА ИДЕЕН ПРОЕКТ

Спецификите на постоечката меѓуградска Автобуска Станица во Велес, желбата за нејзина урбанистичка интеграција, како и ре-откривањето на јавната зона на кејот на река Вардар, се креатори на концептот. Станицата e третирана како генератор на урбано оплеменување на околината/кејот, моментално запоставена зона, и пункт кој ќе привлекува посетители со својот репрезентативен облик.
Комуналната инфраструктура е комбинирана со копатибилни комерцијално-деловни простори и парковско зеленило.
Новата маркица, позиционирана во зона ослободена од висинските ограничувања на
мостот (проблем на постоечката станица), обезбедува 4 перони за автобуси, 3 паркинг места за автобуси и 11 паркинг места за автомобили. Нагласената хоризонтална композиција се балансира со различна градација на полни и празни вертикални фасадни елементи.

 

Сортирање