Парк Езерце Конкурс
ОБЈЕКТ:
Парк Езерце
ЛОКАЦИЈА:
Скопје
ГОДИНА:
2014
ОПИС:
ИЗРАБОТКА НА КОНКУРСНО РЕШЕНИЕ
Мемориската матрица - постоечкиот објект е во средиште на главното движење. Екстензијата на главниот влез на објектот формира своевиден трем пред него, отворајќи се панорамски кон Езерце.
Програмски основен елемент е прелевањето на контекстот (паркот, природата) во
архитектурата, волуменот на објектот, кој не е само физичка туку и социолошко-програмска манифестација. Градацијата во намената на терасите оди во линија од приватно/комерцијално кон јавна отворена кровна тераса. Кровната тераса со сите хибридни намени кои ги инкорпорира во себе (видиковец, опсерваторија, изложби, претстави и концерти на отворено...) е симболот што го наследува фенотипот и мемориската слика на носталгичните боемски времиња и поставува нов слој/ подлога за креирање нови спомени.