Ургентен центар - ГОБ „8-ми Септември“, Скопје
ОБЈЕКТ:
Ургентен центар - ГОБ „8-ми Септември“, Скопје
ЛОКАЦИЈА:
Скопје
ГОДИНА:
2014
ОПИС:
ПРОЕКТИРАЊЕ И ИЗВЕДБА
Во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје извршена е комплетна реконструкција, адаптација и доградба на Ургентниот центар. Новиот објект опфаќа приближно 900м² од кои 250м² се целосно нова доградба.
Функционалното решение ги следи сите содржини потребни за ваков врвен медицински објект: има три приемни амбуланти, четири болнички соби за дневна болница, ладна соба со девет кревети, гипс сала и шест простории за персоналот. Во Ургентниот центар има две нови операциски сали (ортопедско-трауматолошка и општо-хируршка сала), како и сала за реанимација. Во подрумскиот дел се наменските технички простории: машинска сала и електро-просторија.
Изборот на материјалите, изведбата и самите инсталации се по најсовремените европски стандарди и трендови. Вграден е комплетно нов и современ систем за климатизација и вентилација следејќи ги трендовите за енергетска ефикасност.